Играта е направена врз основа на искуства на жртви на онлајн вознемирување кои барале правна помош од граѓански организации. Целта е да се доближи патот по кој чекорат жртвите, но во ниту еден случај не отсликува сè со што се соочуваат низ системот, од пријавување до конечен судски исход. Ова е воопштен приказ на начините на пријавување онлајн вознемирување за некој што сам го оди процесот. Но, треба да знаеш и дека можеш да побараш помош од организации што нудат бесплатна правна помош и од адвокати.