Играта е направена врз основа на искуство на жртви на семејно насилство кои на своја кожа ги искусиле сопките во системот. Целта е да се доближи патот по кој чекорат жртвите, но во ниту еден случај не ја отсликува целата агонија низ која минуваат во македонскиот систем. Ова е воопштен приказ на процесот на пријавување на насилство доколку го одиш процесот сама. Но, треба да знаеш и дека можеш да побараш помош од организации што нудат бесплатна правна помош и адвокати.