Во септември ќе има редовно усогласување на пензиите, за колку – уште се пресметува

Од следниот месец ќе има редовно зголемување на пензиите според процентуалното усогласувања предвидено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, потврди премиерот Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, износот на зголемувањето на пензиите сè уште се пресметува. Во изминатите две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од вкупно 7.000 денари.