Македонија старее: Се раѓаат сѐ помалку деца

Објавено:

Во Македонија се раѓаат сѐ помалку деца. Најновите демографски податоци покажуваат дека лани се родиле околу 15.500 бебиња, што е за речиси 30 проценти помалку отколку пред десет години.

Дополнително загрижува и ниската стапка на фертилитет од 1,44 деца по жена, што укажува дека населението старее и не се обновува.

Експертите како главни причини ги посочуваат економската несигурност, иселувањето на младите и одложеното формирање семејства. Тие предупредуваат дека доколку не се преземат соодветни мерки, земјата би можела да се соочи со сериозни демографски и економски последици.

Повеќе детали во видеото подоле