Колегиум.мк е независен, непрофитен медиум што го основавме по затворањето на македонскиот сервис на Радио Слободна Европа. Продолживме со истата работа. Ги проверуваме фактите, бараме одговори од одговорните и им даваме простор на луѓето чии проблеми ретко стигнуваат до насловните страници.
Со вашата донација ни помагате да одиме на терен, да проверуваме документи и да истражуваме како одлуките на институциите влијаат врз вашиот секојдневен живот. Таа поддршка ни дава време да ја следиме приказната и откако ќе помине првата вест.
Ако Колегиум.мк ви помага подобро да разберете што се случува околу вас, поддржете ја нашата работа. И мала донација, еднократна или редовна, ни помага да продолжиме да работиме во јавен интерес.


