Луксембург немаше шанси против Македонија, Грција е следен противник

Објавено:

Машката ракометна репрезентација со убедлива победа против Луксембург ги започна квалификациите за Европското првенство во 2028 година, победувајќи со убедливи 18 гола разлика 41:23 (20:10 на полувреме).

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров првиот натпревар од овој квалификациски циклус го одиграа на домашен терен, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ракометарите доминираа од старт на натпреварот.

На овој натпревар во македонскиот дрес дебитираше и Украинецот Дмитро Хориха кој доби македонски документи и беше промовиран како засилување за националниот тим на почетокот на октомври. Во дебитантскиот меч за Македонија тој постигна три гола.

Никола Костески со шест гола беше најефикасен, додека по еден помалку постигнаа Александар Петковски и Мартин Серафимов. Одличен меч имаше и голманот Мартин Томовски со 13 одбрани.

Следниот натпревар во рамки на квалификацискиот циклус Македонија го игра против Грција в недела (8 октомври) на гостински терен.

Во група со Македонија, Луксембург и Грција е и репрезентацијата на Шведска.