Александар Вучиќ денеска во Белград го пречека унгарскиот политичар Виктор Орбан, со кого има долгогодишни блиски политички и лични односи. Средбата ја најави со фотографија, a потоа објави и видео-порака: „Виктор и јас. Приказна за еден пријател“.
Вучиќ не ја криеше радоста од посетата, нарекувајќи го Орбан „голем пријател“ и „брат“. Притоа, двајцата се осврнаа и на неодамнешните изборни порази што ги имаа и си посакаа личен и фамилијарен успех, како и успех за Србија и Унгарија.


