Јавниот сервис Радио телевизија Војводина (РТВ) им се извини на гледачите за долгогодишното „еднострано известување“, а уредникот на Првата телевизиска програма Ненад Ќаќиќ поднесе оставка. Промените во покраинскиот јавен сервис беа објавени на 26 октомври, ден по парламентарните избори во Србија. Истовремено, дел од вработените во Радио-телевизија Србија и Радио Белград побараа заминување на нивните раководства, пренесоа српските медиуми.
Дневникот на РТВ во 17 часот почна со снимки од прославата на изборните резултати на Плоштадот на слободата во Нови Сад. Водителот Горан Ерор објасни дека телевизијата им ги должела тие снимки на гледачите од претходната вечер, но дека тоа не е единствениот пропуст.
„Јавниот сервис долги години не ја извршуваше својата функција. И поради тоа на гледачите им должиме извинување“, беше дел од обраќањето на водителот кон јавноста, во име на РТВ.


