Албанскиот парламент во текот на денешната седница беше сцена на сериозни тензии и физички судир меѓу пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата, по што настана општ хаос меѓу законодавците.
Според достапните информации, пратеникот на Демократската партија (ДП), Фламур Нока, се упатил кон делот од салата во кој седат пратениците од мнозинството за да ги земе своите гласачки картички. Во тоа му се придружиле и други пратеници.
Ситуацијата набрзо ескалирала кога пратеникот на демократите Фидел Крека удрил по гласачко ливче, а потоа го турнал поранешниот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа. Тој потег предизвикал физичка пресметка меѓу двајцата.
За повеќе информации кликнете тука.


