Уставниот суд едногласно ја отфрли иницијативата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за оценување на уставноста на собраниската Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Според образложението на судиите, оспорениот акт има исклучиво политички и декларативен карактер, поради што судот нема надлежност да навлегува во негова уставно-судска контрола.
Иницијативата беше поднесена откако Собранието ја усвои Резолуцијата по предлог на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, како и судиите Ана Павловска-Данева, Фатмир Скендер, известителот Насер Ајдари, Осман Кадриу и Татјана Васиќ-Бозаџиева, заклучија дека документот не содржи правни норми ниту произведува непосредни правни последици. Како што истакна судијата Ајдари, резолуциите од овој тип имаат морално, а не правно дејство, со што тие остануваат надвор од доменот на уставната јурисдикција.
Опозицискиот лидер Венко Филипче претходно острите критички стрели ги насочи кон содржината на документот e неуставна, воведува цензура и се обидува да го замолчи опозицискиот говор преку повикување на Кривичниот законик.
„После контролирано правосудство, телефонски обвинители, судии во судски совет под контрола на Мицкоски, насоки од Собраниска говорница и од телевизија како да работат“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Од друга страна, уставните судии оценија дека споровите од ваков карактер се дел од политичкиот дијалог, додека за евентуални клевети или други правни повреди надлежни се редовните судови, а не уставниот институционален механизам.
Одлуката предизвика бурни реакции кај опозицијата, која во јавноста отвори прашања за нејзината временска коинциденција со неодамнешните изјави на премиерот Христијан Мицкоски и министерот Александар Николовски за евентуално привлекување на десетици илјади странски економски работници годишно. СДСМ во своите соопштенија истакна дека зад совпаѓање, стои политичко влијание.


