Столе Димитриевски е најефикасен голман во првите 4 кола од Лигата на нации

Објавено:

Македонската фудбалска А-репрезентација имаше четири порази во исто толку мечеви во Лигата на Нации, не постигна ниту еден гол, а прими 10, сепак, македонскиот репрезентативен голам Столе Димитриевски има најмногу одбрани по првите четири кола во сите сегменти во ова натпреварување, пренесуваат спортките медиуми.

Димитриевски до сега има 21 одбрана, што го позиционираше на првото место на „Sofacore“.

На второто место се наоѓа Сене Ламенс од Белгија со 19 одбрани, трет е Џиџи Донарума од Италија со 19 одбрани. Следуваат Ентони Морис (Луксембург) со 18 одбрани, Вања Милинковиќ – Савиќ (Србија) 17, Јан Облак (Словенија) исто 17 одбрани.