Мафијашко убиство во Цетиње: Ликвидиран член на Шкаљaрски клан

Објавено:

Член на криминалниот Шкаљски клан, Милош Ѓуричковиќ (56), е убиен денеска во Цетиње, јавуваат црногорските медиуми.

Управата на полицијата (УП) официјално објави дека Дежурната служба на Одделот за безбедност на Цетиње е известена утрово дека на местото Бајице, Општина Цетиње, е пронајдено безживотно тело на машко лице.

„Одделот за безбедност на Цетиње не е пријавен за употреба на огнено оружје, туку граѓанин пријавил дека пронашол безживотно тело. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници утврдиле дека со употреба на огнено оружје е одземен животот на М. Ѓ. (56), член на организирана криминална група. Полициските службеници воспоставија блокада и во непосредната и во пошироката област, како и на патните правци“, се вели во соопштението од полицијата.

Оттаму додаваат дека полицијата, во координација со државен обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, ги презема сите потребни мерки и дејствија за идентификување и пронаоѓање на сторителот и расветлување на инцидентот, како и дека јавноста ќе биде навремено известена за резултатите од истрагата.

Шкаљарскиот клан е еден од најпознатите во црногорското подземје. Тој го добил своето име од селото Шкаљари во Котор, а беше предводен од Јован Вукотиќ се до неговото убиство во 2022 година. Се верува дека овој клан е тесно поврзан со кланот од Бар, како и со Земунскиот клан во Србија. Кланот има силна база во Бар, Будва, Цетиње и Подгорица.