Ќе го даде ли Македонија првиот гол – вечер на гости во Шкотска

Објавено:

Македонската фудбалска репрезентација вечер ѝ гостува на Шкотска во рамките на петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Хемпден парк“ во Глазгов, со почеток во 20:45 часот.

Шкотите влегуваат во дуелот како фаворити, откако на првиот натпревар во Скопје славеа со 2:0. Избраниците на Гоце Седлоски, пак, ќе се обидат да го прекинат негативниот резултатски период, да го постигнат првиот гол и да ги освојат првите бодови во групата.

Вечер во рамките на оваа група играат и Словенија – Швајцарија.

Во групата Б1 од Лигата на нации, пред вечерашните натпревари Швајцарија е прва со 12 бода, Словенија е втора со 7, Шкотска има 4, а Македонија е без бодови.

До крајот на групната фаза остануваат уште два натпревара.