Германија и САД со најголеми златни резерви – Колку злато има Македонија?

Објавено:

Германија, Италија и Франција се трите европски држави со најголеми официјални резерви на злато, покажуваат најновите достапни податоци на Меѓународниот монетарен фонд и Светскиот совет за злато. Германија има нешто над 3.349 тони, а Италија 2.451 тони. Во првата петорка се и Русија и Швајцарија.

На светско ниво, пак, Германија е втора, веднаш зад САД, кои располагаат со околу 8.133,5 тони резерви на злато.

Овие резерви на злато, според Меѓународниот монетарен фонд и Светскиот совет за злато, се однесуваат на златото што го поседуваат централните банки и државните институции, а не на вкупното количество злато ископано во секоја земја.

Податоците главно се однесуваат на септември 2026 година, а за дел од земјите последниот достапен извештај е од претходен месец, нагласува The Vault report, кој го пренесува извештајот на ММР и Советот за злато.

ТОП 10 ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ СПОРЕД РЕЗЕРВИ НА ЗЛАТО

Колку злато има Македонија?

Меѓу земјите од регионот, Србија има околу 55,1 тон, Бугарија 41 тон, додека Северна Македонија, според Меѓународниот монетарен фонд и Светскиот совет за злато, располага со приближно 6,9 тони официјални резерви на злато.

Според експертските и институционалните толкувања, златото има важна улога во финансиската стабилност на државите. Централните банки го чуваат како дел од девизните резерви, бидејќи се смета за средство што може да ја зачува вредноста и да помогне во диверзификацијата на резервите во периоди на економска и геополитичка неизвесност.

Колку вреди тон злато?

Според пазарната цена на монетарното злато, еден метрички тон злато вреди приближно 124,8 милиони американски долари или околу 113,3 милиони евра.

Чистота на златото (стандард „Good Delivery“), што го чуваат централните банки, е 99,5% – 99,9%.

Државните златни резерви се чуваат во стандардизирани златни прачки, обично со тежина од околу 12,4 килограми или 400 тројански унци по прачка. Тоа значи дека еден тон злато физички претставува околу 80 такви прачки.