Цените на нафтата денеска се зголемија поради загриженоста дека конфликтот на Блискиот Исток може дополнително да ги загрози снабдувањето со енергија, по нападот на јеменските Хути врз Саудиска Арабија, пренесоа светските новински агенции.
Цената на барел нафта од Северното Море од типот Брент порасна за 0,5 проценти на 113,75 долари, додека американската лесна нафта WTI порасна за 0,7 проценти на 100,13 долари. Брент е на добар пат за трета последователна недела на раст, додека WTI би можел да ја заврши неделата во минус, по две недели раст.
Откако достигна приближно 5.500 долари за фина унца во јануари 2026 година, цената на златото претрпе значителна корекција за да падне на околу 4.100 долари. Според прогнозите на експертите анкетирани од „Фајненшл тајмс“, овој скапоцен метал би можел да достигне нов рекорден максимум во следните 12 до 18 месеци.
Дополнително внимание кон перспективите на златото привлече и забелешките на претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел, за време на говорот во Соренто, Италија. Нагел презентираше аргументи во корист на диверзификација на средствата на банката, односно зголемување на уделот на златото во нејзините резерви, пренесоа новинските агенции.
Според анкетата на Светскиот совет за злато, спроведена меѓу 74 централни банки и објавена во јуни оваа година, 45 проценти од анкетираните централни банки посочија дека планираат да купат дополнителни количини злато во следната година. Ова е највисок процент од почетокот на истражувањето во 2018 година. Само една централна банка планира да ја намали својата изложеност на овој скапоцен метал.


