Јотова и Ѓуров сигурно во вториот круг претседателски избори во Бугарија

Објавено:

Претседателската кандидатка Илијана Јотова и кандидатот за нејзин потпретседател Кирил Валчев имаат поддршка од 45,9% од оние кои изјавиле дека ќе гласаат на претстојните претседателски избори на 25 октомври, покажуваат податоците од анкетата на „Тренд“ нарачана од „24 часа“, спроведена помеѓу 14 и 20 октомври меѓу 1.002 лица, пренесоа бугарските медиуми.

На второ место се Андреј Ѓуров и неговиот кандидат за потпретседател Георги Кандев со поддршка од 27,8%.

Според анализата на „Тренд“, оваа прогноза укажува на сигурен втор круг меѓу двата тандеми.

На трето место се кандидатите на „Вазраждане“ Костадин Костадинов и Петар Волгин со 10,9%.

„Тренд“ известува дека во последната фаза од кампањата, редоследот на паровите претседателски кандидати останува непроменет, но разликата меѓу првите двајца се намалува. Од речиси 23% кон крајот на септември и почетокот на октомври, сега се намалува на околу 18% непосредно пред гласањето.

Поддршката за другите парови претседателски кандидати е значително помала.