Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека Бугарија на никаков начин не може да учествува во тие 70 милијарди евра што на неодамнешниот самит на Европската Унија ги побара од ЕУ украинскиот претседател Володимир Зеленски, за одбрана од руската инвазија во текот на следната година.
„Како изгледа тоа во однос на сè што се случува во Европа? “, изјави Радев пред новинарите во градот Твардица.
Радев потсети дека минатата година ЕУ одобри 90 милијарди евра за Украина, наменети за покривање на трошоците во 2026 и 2027 година.
Три земји членки на Унијата- Унгарија, Чешка и Словачка, договорија да не учествуваат во заемот, додека Бугарија се согласи да учествува.
Бугарскиот премиер повика војната во Украина да заврши што е можно побрзо, оценувајќи дека таа ги исцрпува европските економии и предизвикува општествени тензии и политичка нестабилност.
„Резултатот нема да се постигне со воени средства“, изјави Радев, кој беше претседател на Бугарија од 2017 година до оставката во јануари 2026 година.


