Протести во Софија, се бараат оставки од Јотова и Радев

Објавено:

Пред зградата на бугарската влада во Софија вчера беа одржани мирни протести, на кои демонстранти бараа оставка од претседателката на државата Илијана Јотова и од премиерот Румен Радев.

Во областа имало силно полициско присуство, јави БТА.

Според демонстрантите, претседателката Јотова и премиерот Радев не успеваат да се справат со ситуацијата што настана откако бродови беа погодени и потонати од беспилотни летала во бугарската економска поморска зона.

Тие сметаат дека цела Европа знае оти ова се руски напади, „но само нашиот претседател и влада се преправаат дека не знаат“.

Собраните скандираа „Оставка“, „Предавници“ и „Затвор“.

Претходно, претседателката Јотова за бугарски медиуми изјави дека доколку нападите во Црното Море продолжат на ист начин, бродовите нема да сообраќаат.

„Покрај товарот што е во опасност, имаме и потонати бродови. Не можеме да си дозволиме толку евтино да трошиме човечки животи“, нагласи Јотова.