Штипјанец (22) доби казна откако со автомобил дрифташе на раскрсница во Штип, а видео од настанот беше споделено на социјалните мрежи.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека го пронашле возачот и во прашање е 22-годишниот С.К. кому му е пишана казна.
„Имено, на објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно како „дрифта“ со возилото. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување“, наведуваат од МВР.
За случајот е извесен и јавен обвинител, до каде ќе се поднесе и кривична пријава.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.


