Македонија – Шкотска 0:2 во Лигата на нации

Објавено:

Фудбалската репрезентацијата на Шкотска заслужено славеше со 0-2 против Македонија вечерва на арената „Тодор Провски“ на мечот од Лигата на нации, носејќи му ја првата победа на новиот селектор Себастиен Покоњоли.

Статистиката од натпреварот покажа целосна доминација на Шкотите, кои имаа вкупно 24 удари кон нашиот гол, наспроти шесте обиди на македонските репрезентативци.

Головите за шкотската репрезентација ги постигнаа Киран Боуви и Џон МекГин. Во македонскиот тим се истакна голамнот Столе Димитриевски кој успеа да спречи три сигурни погодоци на противникот.

Македонскиот селектор Гоце Седлоски, по мечот изјави дека ова е тежок пораз.

„Честитки за Шкотска. Побрзи, подобри, посилни. Затоа играат таму каде што играат. Јас не застанувам овдека. Не застанавме добро во првиот дел. Не фати паника. Шкотска го искористи тоа. Во целост тежок пораз. Реално, кажавме и пред ова. Со Словенија единствено можеме да се носиме. Се уште е топла главата што се вели. Но треба ли да се коментира за една Швајцарија. премиерлигашки играчи. Наспроти тоа, тројца од македонсккиот шампионат. Ќе се борам ќе работам и понатаму“, изјави селекторот Седлоски.

Наспроти Седлоски, неговиот шкотски колега, Себастиан Покоњоли, истакна дека е задоволен од победата, но дека настапот на Шкотска не бил перфектен најмногу поради големиот број неискористени шанси.

Ова е трет пораз на Македонија во тековната Лига на нациите – Б дивизија.