Што на ум, тоа на Колегиум: Нов Клинички центар, стара приказна

Објавено:

Нов Клинички центар се најавува со години – но, пациентите немаат време да чекаат. Околу салата „Борис Трајковски“ е последната најавена локација за објектот за кој сите сите досегашни влади во минатите 30 години ветија дека само што не почнале да го градат. Последното ветување е од премиерот Христијан Мицкоски, кој на 11 септември изјави дека многу брзо ќе има конечно решение за двете можности за локација за кои се разговара во Владата (пред или зад салата „Борис Трајковски).

Но, додека власта бара локација, пациентите бараат термин, лекар, резултат или лек.. Што најмногу им пречи и што најмногу им треба? Не ги прашавме политичарите, туку тие што најмногу го чувствуваат системот – граѓаните.

Сите велат, дека нов Клинички центар е итно потребен – за да се надмине метежот во постоечките клиники, кои се полни со пациенти од цела Македонија. За нашите соговорници, паркингот останува најголем проблем, особено кога од автомобилите треба да се симнат болни луѓе.

Неколку пациенти пофалија доктори и сестри од одредени клиники – дека и во тешки услови, максимално се ангажираат за да им помогнат на граѓаните со нарушено здравје.

Одговорите од граѓаните погледнете ги во анкетата во продолжение: