Во текот на минатата ноќ најпрвин во западните делови, а потоа насекаде имаше врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места беа од дожд и снег, а на планините од снег.
Денеска ќе дува засилен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 70 km/h, претпладне од западен, а попладне од северен правец. Минималната температура е во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од променлив правец. Минималната температура се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Под влијание на циклонска активност, од четврток повторно ќе има врнежи. Температурите ќе бидат во опаѓање.


