Игор Додик, син на контроверзниот политичар Милорад Додик и лидер на партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНДС), е мандатар за формирање на новата влада на Република Српска, ентитет во Босна и Херцеговина. Младиот Игор Додик, исто така, има и висока партиска функција во партијата не неговиот татко – организациски секретар.
Одлуката тој да биде мандатар е донесена по денешните консултации што ги одржал претседателот на Република Српска, Саво Миниќ, политичките партии, пренесува Н1 Сараево.
Тој рече дека тоа ќе биде влада „што ќе го продолжи она што е направено во претходните години, особено изминатата година“. Според Миниќ, постигнат е консензус дека Додик е мандатар кој може да ја модернизира владата на РС и да одговори на сите предизвици со кои се соочува.
Игор Додик е организациски секретар на партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД).
„Убеден сум дека Игор Додик роден на 25 јануари 1989 година од татко Милорад и мајка Снежана, татко на три деца, може да ги исполни сите овие очекувања“, рече Миниќ.
Тој нагласи оти младиот Додик се школувал во Бања Лука, каде што дипломирал на економски факултет, и дека посетувал летна школа во Кембриџ. Своето образование го продолжил на Универзитетот Бокони, каде што се стекнал со диплома по економија.
Зборувајќи за неговото професионално искуство, беше наведено дека ги развил своите менаџерски вештини работејќи како проект менаџер во „Тошиба“, а потоа како генерален директор на кошаркарскиот клуб Игокеа, претседател на АБА лигата и член на советот на клубот БЦЛ во Женева.
„А она што му дава уште поголем кредибилитет е тоа што тој е и член на најсилната политичка партија, имено СНСД, а сите наши коалициски партнери се согласија дека СНСД има и обврска и капацитет да предложи премиер“, нагласи Миниќ.
Додик ја започна својата политичка кариера во 2014 година, кога беше назначен за организациски секретар на СНСД. На изборите во 2018, 2020 и 2022 година, тој беше потпретседател на изборниот штаб, додека на последните избори претседател на штабот.
„Она што е исто така многу важно, а што ќе им даде дополнителна енергија и сила и надеж на сите наши млади луѓе: Игор Додик е најмладиот мандатар во историјата на Република Српска, од кого очекуваме да ја формира владата на Република Српска и да го заврши тој процес до средината на декември“, беше кажано за време на презентацијата на мандатарот.
Неговиот татко, Милорад Додик досега извршуваше повеќе високи функции во Република Српска и Босна и Херцеговина. Беше претседател од 2010 до 2018, како и од 2022 до 2025. Беше и член на претседателството на БиХ од 2018 до 2022. Исто така, беше и премиер од 1998 до 2001, како и од 2006 до 2010 година.


