Во главниот град Скопје, 2027 година ќе биде дочекана со македонски изведувачи, одлучил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој рече се подготвува организиран дочек и веќе се подготвува програмата, како и дека Државна лотарија и годинава „ќе даде поддршка за организација на културниот дел и изведувачите“.
„Иако имаше поделени мислења кај дел од мојот тим, често и кај граѓаните кога комуницирам, јас одлучив акцент да ставиме на македонска музика и македонски изведувачи оваа година. Мислам дека имаме широк спектар наши уметници кои се познати не само во Македонија туку и пошироко. Така што, најдоброто е домашното и затоа ќе имаме оваа година наши македонски изведувачи на кои ќе им дадеме шанса да ги забавуваат скопјани“, рече Ѓорѓиевски.
Според неговата најава, програмата нема да биде само за новогодишната ноќ туку ќе започне 15-тина дена претходно.
Иако не даде конкретен рок, кажа и оти Скопје ќе биде украсено за Нова година во, како што рече, „нормален рок, а не на 30 декември“.
Ова Ѓорѓиевски го кажа соопшти на Фејсбук при јавување во живо кое го направи за да собира идеи и да разговара со скопјани за креирањето на буџетот за 2027 година.


