„Златната копачка“ на Дарко Панчев за сезоната 1990/91 за најдобар стрелец во Европа, со 34 голови, сега е во музејот на некогашниот европски првак и шампион на Србија, објави клубот со видео на социјалните мрежи.
Според објавите, Панчев бил замолен од управата на Црвена Ѕвезда да го даде трофејот за да се направи реплика за во музејот, но тој рекол дека „Златната копачка“ не е само негов успех, туку и на целиот клуб и дека нејзиното вистинско место е во музејот.
Дарко Панчев ја освои европската Златна копачка во сезоната 1990/91, кога постигна 34 гола за Црвена звезда и стана најдобар стрелец во Европа.
Црвена звезда ја освои Купот на европските шампиони (денешна Лига на шампиони), а Панчев го постигна победничкиот пенал во финалето против Олимпик Марсеј.
Иако наградата тогаш не му беше официјално доделена, тој ја доби ретроактивно во 2006 година во Скопје.


