Копилотот на „Флајдубаи“, кој неделава се обиде да собори авион полн со Израелци, претходно бил суспендиран од летање во Оман поради загриженост дека е радикализиран, изјавија денеска неименувани извори запознаени со случајот за „Волстрит џурнал“ (WSJ).
И покрај забраната копилотот сепак летал на линијата Дубаи-Тел Авив, објави „Тајмс оф Израел“.
Тој во средата го повреди пилотот и, според сведоци, се обидел да го собори авионот со намера да изврши терористички напад.
Три лица запознаени со ситуацијата, меѓу кои дипломат од Заливот и западен дипломат, изјавиле дека копилотот осомничен за избодување на капетанот на летот FZ1073 на „Флајдубаи“ до Израел е оманскиот државјанин Хамам ел Хамами, објавија американските медиуми
Тројцата зборуваа под услов на анонимност бидејќи не биле овластени да даваат изјави за медиумите.
Дипломат од Заливот рече дека е во тек истрага за да се утврди дали напаѓачот дејствувал како „осамен волк“ или имал врски со некои екстремистички групи.
„Волстрит џурнал“ не можеше да утврди дали официјален Мускат ги споделил своите сомнежи и загрижености со други земји или авиокомпании, нити дали ја прецизирал природата на неговата радикализација, иако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четврток изјави дека тој „поминал низ радикална исламистичка индоктринација“.
Во претходен извештај на „Канал 12“ се наведува дека истражителите утврдиле дека бил индоктриниран со идеологијата на Ал Каеда.


