Над четири илјади луѓе умреле од ебола во Конго

Објавено:

Бројот на починати во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго надмина 4.000, покажуваат владините податоци објавени денеска, во време кога најтешката епидемија во историјата на земјата и натаму се спротивставува на напорите за нејзино ставање под контрола.

Епидемијата, предизвикана од видот ебола Бундибуџо, стана најголема и најсмртоносна во Конго, затоа што ја надмина епидемијата од 2018 до 2020 година.

Владините податоци покажаа дека бројот на починати достигнал 4.018, додека бројот на потврдени случаи изнесува 8.300 во седум провинции.

Од болеста досега оздравеле повеќе од 2.000 пациенти.

Епидемијата во Конго сега е втора најголема по епидемијата на ебола во Западна Африка во периодот 2014–2016 година, во која беа заразени повеќе од 28.600 луѓе, а над 11.000 починаа во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Владата на Конго и Обединетите Нации во минатиот месец соопштија дека има знаци оти пренесувањето на вирусот забавува во делови од провинцијата Итури, каде што започна епидемијата, но оти сепак, вирусот продолжува брзо да се шири во источниот дел на Конго.