Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го отфрлил последниот предлог на Иран за прекин на огнот, оценувајќи го како недоволен, и не ја исклучи можноста САД да ги обноват воздушните напади врз Иран по изборите на 3 ноември.
Во интервју за списанието „Тајм“ (Time), Трамп рече дека веќе нема да прифаќа предлози од Техеран кои „не би ги одобрил ниту пред една година“.
Американскиот претседател ја остави отворена можноста за обновување на бомбардирањето на Иран по изборите, но одби да открие детали за евентуалните идни воени дејствија.
„Не можам да ви го кажам тоа затоа што, видете, всушност ме прашувате каде ќе бомбардираме“, им изјави Трамп на новинарите.


