Оригинална капа на Новак Ѓоковиќ со автентичен потпис е ставена на добротворна аукција за собирање пари за лекување на осумгодишно дете од Србија.
Капата беше лично донирана од Миљан Амановиќ, долгогодишен физиотерапевт и член на тимот на Новак Ѓоковиќ, со цел преку нејзината продажба да се соберат средства за лекувањето на Коста Марковиќ кој боледува од малиген тумор на надбубрежна жлезда.
Почетната цена на капата е 20.000 динари (10.000 денари), а наддавањето е отворено до 25 септември на полноќ. Учесниците впо аукцијата испраќаат доказ за уплата, а потпишаната капа ќе му биде дадена на лицето кое има највисока уплата на крајот од кампањата.
И самиот Ѓоковиќ е познат по неговата добротворна работа. Во 2007 година тој и неговата сопруга ја основаа Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ со примарен фокус на разојот во раното детство, образованието и хуманитарната помош во Србија и глобално во светот.


