Макрон разговарал со Трамп, главни теми ситуацијата во Црвено Море и војната во Украина

Објавено:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека имал многу конструктивен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, за актуелни теми во светот, особено за Црвено Море и Украина.

На средбата одржана во Њујорк во рамките на годишната сесија на Генералното собрание на ОН, Трамп и Макрон разговарале конкретно за тоа како да се зголеми безбедноста на транспортот на нафта во Црвеното Море.

„Разговаравме и за потребата уште побрзо и порешително да им помогнеме на нашите украински пријатели со пресретнувачки ракети“, изјави францускиот претседател пред новинарите.

„Водевме многу плоден разговор. Тој беше исклучително конструктивен, имаше голема подготвеност за дијалог и успеавме детаљно да ги разгледаме овие два конфликта, кои очигледно се важни за мирот во светот и за нашата безбедност и кои имаат директно влијание врз куповната моќ на Французите“, истакна Макрон.

Целта на француската страна била пред сè да го убеди американскиот претседател „да ги продолжи напорите за поддршка на Украина и да го засили притисокот врз Русија“.

Последни објави