Роеви украински дронови го нападнаа главниот руски град во време на одржувањето на тридневните парламентарни избори во Русија, први откако Москва ја започна инвазијата врз Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека биле нападнати рафинерии и други логистички цели со кои се финансира агресијата врз неговата земја.
Со илјада дронови, во најголемиот напад досега, Украина ја засипа областа на главниот град.
Руски воени извори наведуваат дека собориле 450 беспилотни летала кои летале кон Москва. Две лица загинаа, а повеќе од 20 се ранети во украинските напади со дронови во Московската област, а во главниот град била погодена и рафинерија за нафта, соопштија властите во неделата, на последниот ден од парламентарните избори.
Во меѓувреме, украинските медиуми известуваат дека во руски напад во Киевската област во текот на ноќта загинале жена и три деца.


