„Енергетското примирје“ траеше помалку од 24 часа, Русија и Украина ги продолжија нападите

Објавено:

Украински дронови во текот на ноќта ја погодиле индустриската постројка на нафтената рафинерија во Сизран, во руската Самарска област. На локацијата избувнале неколку пожари, соопшти Петро Андрјушченко, раководител на украинскиот Центар за проучување на окупацијата.
Нападот се случил помалку од 24 часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Киев и Москва се договориле да не ја напаѓаат меѓусебно енергетската инфраструктура.

Рафинеријата во Сизран е едно од поголемите руски претпријатија за преработка на нафта. Се наоѓа во Самарската област и е дел од структурата на рускиот нафтен гигант Росњефт. Таа често беше цел на украински напади во текот на 2025 и 2026 година. Објектот се наоѓа на повеќе од 800 километри од украинската граница.
Во меѓувреме, дрон рано изутринава погодил и бензинска станица во украинскиот главен град Киев, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
Според него, во нападот било повредено едно лице, а биле погодени и магацини во друг дел од градот.

Последни објави