Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Киев и Москва се договориле да не напаѓаат енергетски цели, што од украинска страна го потврди и претседателот Володимир Зеленски, изразувајќи сомнеж дека и Русија ќе се согласи на тоа, пренесуваат агенциите.
Украина се согласи да не ги напаѓа руските енергетски цели. Русија се согласи да го стори истото! – нагласи Доналд Трамп, додавајќи дека растот на цените на дизел-горивото е предизвикан од војната во Украина, а не од војната со Иран.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот изјави дека Киев е подготвен да го поддржи предлогот на САД за прекин на нападите врз енергетските постројки, но само доколку Вашингтон може да гарантира дека Москва навистина е подготвена да ја прекине војната против Украина.
Москва сè уште не ја коментираше изјавата на Трамп.
Веднаш по оваа изјава на Трамп, цената на нафтата „Брент“ падна на околу 106 долари за барел, откако во понеделникот достигна четиримесечен максимум од 110 долари.


