Фудбалскиот клуб „Валенсија“ ја забележа првата победа во шпанската Примера во оваа сезона и тоа во рамките на шестото коло (15 септември 2026) во кое како гостин беше подобар од тимот на Алавес со 1-0.
Очајно и беа потребни бодови, победа на Валенсија на ова соочување, цел до која на крајот се стигна и еден од најзаслужните за тоа беше македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.
Димитриевски ги одбрани најважните удари кон неговиот гол, пишуваат шпанските медиуми, истакнувајќи ја двојната одбрана која беше одбележана и од Ла Лига и од „Валенсија“.


