Стопирајте ја агресијата и прекинете ја блокадата, се нашите барања кои ги претставуваат легитимните права на нашиот народ, изјави лидерот на јеменските Хути, Абдул Малик ал-Хути ал-Хути во телевизиско обраќање.
Обраќањето беше по повод годишнината од офанзивата на Хутите од септември 2014 година, кога членовите на оваа група се упатија од своето упориште на северот на Јемен кон главниот град Сана и ја презедоа контролата врз градот.
Преземањето на главниот град ја принуди меѓународно признатата јеменска влада на егзил во Саудиска Арабија и го ескалираше долготрајниот конфликт во земјата.
Следната година, Саудиска Арабија формираше мултинационална коалиција и се приклучи на војната со цел да ја врати моќта на соборената влада.
Како дел од воената кампања, коалицијата воведе воздушна и морска блокада на териториите контролирани од Хутите, што продолжува да биде едно од клучните спорни прашања во конфликтот.


