Директни разговори меѓу претставници на САД и на јеменските Хути

Објавено:

Претставници на американската администрација имале директни разговори со претставници на јеменските бунтовници Хути, јави Германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на саудиски дипломатски извори.

На средбата, која се одржала во Амбасадата на САД во Оман, Хутите ветиле дека нема да напаѓаат американски или израелски бродови во теснецот Баб ел- Мандеб во Црвеното Море, како и во Аденски Залив.

Саудиска Арабија е под силни напади откако пред неколку недели беа обновени судирите меѓу јеменската влада и Хутите.
Хутите неодамна го зазедоа јеменскиот пристаништен град Мока и неколку острови во теснецот Баб ел- Мандеб и веќе контролираат клучни транспортни центри во регионот.

Јеменските владини сили поддржани од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, и бунтовниците Хути, поддржани од Иран, се борат за превласт од 2014 година.

Последни објави