Благодарам на нашите воини: Зеленски објави видео од украински напади на руска рафинерија и воениот аеродром во Ростов

Објавено:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави снимки од напади со украински беспилотни летала врз рафинерија за нафта во Русија и врз неколку авиони стационирани на воен аеродром во Ростов. Како што изјави Зеленски, а подоцна потврди и Генералштабот на вооружените сили на Украина, се работи за координирана операција во која учествуваа повеќе служби за безбедност и одбрана.

„Во текот на ноќта, во заедничка операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Силите за беспилотни системи, Военото разузнавање (ГУР) и Службата за надворешно разузнавање, беше погодена рафинерија за нафта во Јарослављ. Службата за безбедност исто така изврши прецизен напад врз воен аеродром во Ростов; потврдено е оштетување на еден авион „Ан-12“, два авиона „Ан-26“ и три хеликоптери. Добри резултати беа забележани и во областа на Црното Море“, објави Зеленски на платформата „Икс“ (X).

Генералштабот на Украина соопшти дека цел на нападот бил воениот аеродром „Ростов-на-Дон“ во Ростовската област. Во објектот избувнал пожар, проследен со секундарни детонации. Според официјалните украински податоци, на аеродромот е потврдено уништување на два транспортни авиона „Ан-26“, еден транспортен авион „Ан-12“ и три хеликоптери.

Последни објави