Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

Објавено:

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Иран е подготвен на „војна до судниот ден“ со САД.

„Решително ќе се спротивставиме на секоја агресија, но во исто време сме подготвени и за дипломатија“, истакна Арагчи за американската телевизија Ен-би-си (NBC).

Тој се осврна и на иранскиот предлог за седумдневно примирје, оценувајќи го како „многу разумен план, кој е на маса“.

Според предлогот за прекин на огнот, САД треба да одмрзне околу 12 милијарди долари ирански имот, да ја прекинат блокадата на иранските пристаништа и да ги укинат санкциите, а Иран за возврат повторно да го отвори Ормускиот Теснец.

Американскиот претседател Доналд Трамп го одби предлогот како неприфатлив, истакнувајќи дека Иран „сака итен договор бидејќи губи на сите полиња“.