ВИДЕО: Бомбардери го стресоа Трамп на пречекот на Џинпинг

Објавено:

Камерите синоќа „го уловија“ американскиот претседател Доналд Трамп како се стресува и прави гримаса кога два воени авиони „бомбардер Б1“, во низок лет, прелетаа над свечениот килим во базата „Ендрјуз“, каде беше официјалниот пречек на кинескиот лидер Си Џинпинг. 73-годишниот Си не покажа никаква реакција на огромната бучава на бомбардерите.

Почесната смотра означи почеток на официјалната тридневна посета на Си Џинпинг на САД. Според најавениот протокол, агендата предвидува серија билатерални состаноци зад затворени врати, воена смотра и официјална државна вечера. На разговорите ќе присуствуваат и раководители на водечки технолошки компании, со фокус на трговските односи и глобалната безбедност.