Иран минатата недела предложи мировен план на Генералното собрание на ОН во Њујорк, наведувајќи дека предлогот им бил доставен на Американците преку катарски посредници. Трамп во саботата изјави дека го отфрлил планот и оцени дека очајот ги поттикнува Иранците да настојуваат да постигнат договор за оваа стратешки важна водна рута – објави новинската агенција Ројтерс.
„Тие сакаат веднаш да постигнат договор за отворање на Ормускиот теснец затоа што многу лошо губат“, им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа.
„Нашите услови се јасни и секој чекор кон повторно отворање на Ормускиот Теснец зависи од исполнувањето на тие услови“, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на социјалните мрежи додека Иран инсистира дека само дипломатијата може да го реши неговиот конфликт со Соединетите Американски Држави и Израел.
„Само решение постигнато преку преговори може да ги извлече од овој ќорсокак.“
САД воведоа економска блокада врз Иран со цел да извршат притисок врз Техеран да ги запре иранските напади врз пловила во Ормускиот Теснец, кои драстично го намалија поморскиот сообраќај низ ова подрачје, иако Трамп постојано тврди дека САД ја контролираат оваа водна рута.
Иранците исто така стапиле во контакт со нивните саудиски ривали во врска со Ормускиот теснец, нагласувајќи ја сериозноста на седуммесечниот конфликт кој го наруши протокот на нафта низ оваа клучна поморска рута и остави последици врз глобалната економија.


