„Ел Мундо“: Русија наводно подготвува напади низ Европа со дронови „гербера“

Објавено:

Русија наводно се подготвува за напади со беспилотни летала во Европа, а можни цели би можеле да бидат медитеранските земји – Франција, Шпанија и Италија, објави шпанскиот весник „Ел Мундо“, повикувајќи се на информации според кои американските разузнавачки служби собрале податоци за плановите на Кремљ за можна ескалација на нападите со беспилотни летала и за нив информирале неколку европски влади.

Според информациите објавени од шпанскиот весник, можниот план предвидува употреба на дронови лансирани од море, скриени во контејнери на трговски бродови.

„Ќе користат дронови лансирани од море, скриени во бродски контејнери. Тоа воопшто не е тешко да се изведе“, изјавил за „Ел Мундо“ извор близок до Министерството за одбрана на Литванија, која, како членка на НАТО, исто така би можела да биде изложена на ризик.

Според истиот извор, литванските власти знаат и кој тип дрон би можел да биде употребен во евентуална операција против Шпанија, Франција или Италија.

grafika-el-mundo

Станува збор за „Гербера“ („Gerbera“) – руски беспилотен летало што во повеќе извори се опишува како поедноставен и поевтин дизајн поврзан со иранскиот „Шахед-136“.

„Гербера“ е долг околу два метра, има распон на крилата од околу 2,5 метри и тежи до 18 килограми. Според објавените податоци, може да достигне брзина од околу 160 километри на час и има деклариран дострел до 600 километри.

Според „Ел Мундо“, трговски брод би можел да пренесе повеќе вакви дронови, кои потоа би биле лансирани од море. Италијанските медиуми, меѓу кои и „Кориере де ла Сера“, ја пренесоа информацијата на шпанскиот весник.

Според мапата објавена со текстот на „Ел Мундо“, речиси цела Италија, со исклучок на североисточниот дел од земјата, би се наоѓала во теоретскиот дострел на „Гербера“.

Доколку дронот биде лансиран на оддалеченост од 200 до 300 километри од брегот, летот би траел приближно меѓу еден час и 15 минути и два часа, зависно од брзината на движење.

Неговата експлозивна носивост е релативно мала – околу четири до пет килограми. Тоа, според проценките цитирани во текстот, не би било доволно за уништување на големи објекти, но би можело да предизвика пожар, да оштети незаштитена опрема или привремено да доведе до затворање на аеродром или пристаниште.

Според „Ел Мундо“, Литванија, заедно со други европски земји, била информирана за разузнавачките податоци по мистериозната посета на директорот на американската ЦИА, Џон Фетклиф, на Москва на 25 август.