Цените на храната во светот највисоки во последните 4 години

Објавено:

Во септември годинава цените на храната во светот пораснале трет месец по ред и сега се на највисоко ниво од ноември 2022 година, а посебно поскапеа житариците, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

ФАО индексот на цените на храната (FFPI), кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, порасна за 1,5 проценти во однос на август.

Вредноста на индексот на цените на житариците порасна за 5,1 процент во однос на август, што е за 17,2 проценти повеќе отколку пред една година.

Цената на пченицата порасна за 6,3 проценти и го достигна највисокото ниво од август 2023 година, пред сè поради логистичките проблеми во регионот на Црно Море, поради кои увозниците ја пренасочуваа набавката кон други извори.

Вредноста на FFPI е повисока за 5,8 проценти во однос на септември 2025, но пониска за 15,1 процент во однос на рекордните вредности забележани во март 2022 година, се додава во извештајот на ФАО.