ВИДЕО: Кривична за мажот кој со мотоцикл дивееше на „Партизанска“ во Скопје

Објавено:

Министерството за внатрешни работи (МВР) го пронајде мажот кој дивееше со мотоцикл на булеварот „Партизански одреди“ од Скопје, од што видео изминативе денови се ширеше на социјалните мрежи.

Тој е повикан на разговор во полиција и против него, наведува МВР, ќе се поднесе кривична пријава за две кривични дела: „безобѕирно управување на моторно возило” и „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство”.

Станува збор за 37-годишен скопјанец. Мотоциклот што го возел бил марка „сузуки“ и не бил негов туку на друго лице.

На видеата се гледа како тој со огромна брзина возејќи на едно тркало минува по булеварот загрозувајќи ја својата и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Возачот нема возачка дозвола, а снимал видеа како вози и објавувал на мрежата Тик Ток.

Видеата биле направени на 3 октомври.