Во близина на зградата на албанското Министерство за образование во Тирана синоќа продолжија судирите меѓу демонстрантите и полициските сили. Дури ни полициската интервенција со водни топови не ги прекина демонстрациите.
Студентите и другите собрани луѓе ги продолжија протестите против владата и ги повторија барањата за оставка на премиерот Еди Рама.
Ситуацијата останува напната, со постојани судири меѓу демонстрантите и припадниците на безбедносните служби, а полицијата почна да приведува демонстранти, но не се знае точно колку лица се приведени. Ескалацијата на ситуацијата на протестите предизвика реакции од претставниците на опозицијата, а лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, ја опиша полициската интервенција како насилство врз студентите.
„Стоп на теророт на нарко-државните бандити врз храбрите студенти“, напиша Бериша на социјалните мрежи.


