Папата Лав XIV е опериран вчера, при што му беше отстранет мал израсток на едното белодробно крило, бидејќи тој бил канцероген. Операцијата помина добро и според однапред утврден план, објави Ватикан.
Оперативниот зафат ја потврдил дијагнозата на белодробен аденокарцином, на кој лекарите се сомневале и врз основа на предоперативните прегледи.
Аденокарциномот на белите дробови е најчестиот вид рак на белите дробови кај непушачите.
Папата Лав (71), беше подложен на процедура во болницата „Џемели“ во Рим за отстранување на мал јазол за кој самиот рече дека бил навремено забележан за време на неодамнешен рутински преглед.
„Операцијата беше завршена успешно, на време и според планот“, се наведува во краткото соопштение на Ватикан објавено доцна поладнево, во кое не се дадени дополнителни детали.
Ова е првиот сериозен здравствен проблем на папата во 17-те месеци од неговиот понтификат.
Ватикан соопшти дека се очекува Папата да се опоравува во болницата околу една недела.
Сите негови јавни настани се откажани до 20 октомври.


