Напнато во Тирана, демонстрантите бараат оставка на Рама

Објавено:

Во близина на зградата на албанското Министерство за образование во Тирана синоќа продолжија судирите меѓу демонстрантите и полициските сили.

Дури ни полициската интервенција со водни топови не ги прекина демонстрациите.

Студентите и другите собрани луѓе ги продолжија протестите против владата и ги повторија барањата за оставка на премиерот Еди Рама.

Ситуацијата останува напната, со постојани судири меѓу демонстрантите и припадниците на безбедносните служби, а полицијата почна да приведува демонстранти, но не се знае точно колку лица се приведени.

Ескалацијата на ситуацијата на протестите предизвика реакции од претставниците на опозицијата, а лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, ја опиша полициската интервенција како насилство врз студентите.

„Стоп на теророт на нарко-државните бандити врз храбрите студенти“, напиша Бериша на социјалните мрежи.