Педесетина луѓе синоќа, со факели и огномет, во Скопје го пречекале поранешниот вицепремиер Артан Груби по излегувањето од куќен притвор одреден во судскиот предмет во кој е обвинет за проневера на државни средства поврзани со работењето на Државната лотарија.
Видеата од пречекот на Груби станаа вирални на социјалните мрежи.
Вчера Судот не го прифати барањето на Груби за враќање на пасошот, иако беше понудена гаранција, и останува забраната за напуштање на Скопје додека трае судската постапка.
Груби е обвинет во предмет поврзан со сомневања за злоупотреба и проневера на средства од Државната лотарија, а случајот е во судска постапка.


