Непознат напаѓач убил четири лица во основно училиште во градот Бенд, во американската сојузна држава Орегон, на западот на САД, соопшти градската полиција.
„Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, напаѓачот веќе бил застрелан и убиен. Сè уште немаме потврда за идентитетот на лицето што го застрелало осомничениот. Можно е да станува збор за случаен минувач“, изјави портпаролката на полицијата, Шејла Милер, на прес-конференција.
Властите сè уште не го потврдиле бројот на жртвите, а американските медиуми наведуваат дека загинале најмалку четири лица.
Според Милер, итните служби пренеле најмалку две лица во болница, а меѓу повредените има и деца.
Инаку, училиштето го посетуваат 459 ученици, од деца на предучилишна возраст до петто одделение.
Насилството со огнено оружје е секојдневна појава во САД, земја во која има повеќе парчиња огнено оружје отколку жители и која бележи највисока стапка на смртни случаи поврзани со огнено оружје меѓу сите развиени земји.


