По предлог на Основното јавно обвинителство Кочани донесено е Решение на Ива Михаилова, обвинета за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи.
Како што се наведува во соопштението од обвинителството, следното судско рочиште за случајот на И.М. е закажано за 9 ноември 2026 година во 9 часот.
Неодамна, основното јавно обвинителство- Кочани побара притвор за Ива Михаилова откако таа на 12 октомври се појави во Софија, додека против неа има активна судска забрана за напуштање на земјата поради судски процес против неа за сообраќајна несреќа со смртни последици. Во несреќата и Михаилова е меѓу повредените.
За неа судот имаше изречено и други мерки: забрана за напуштање и на државата и на родниот град Кочани, обврска повремено да се јавува во кочанскиот суд, а одземени и се и двата пасоши- македонскиот и бугарскиот.
Македонското МВР претходно соопшти дека таа нелегално излегла од Македонија и нелегално влегла во Бугарија. И бугарските институции излегоа со тврдења дека не знаат како влегла во Бугарија.
Засега остануваат нејасни околностите под кои Михаилова ја напуштила земјава.


