Илјадници студенти и наставници денеска протестираа во повеќе грчки градови барајќи повеќе пари за образованието, подобри услови во училиштата и факултетите.
Според податоци на грчката полиција околу 10.000 луѓе, од кои најмногу ученици и студенти мирно протестираа во Атина и нејзините предградијата.
Тие изразија солидарност со демонстрантите во Франција и другите европски држави, каде се протестира поради зголемените трошоци за живот и влошените услови во образованието.
„Од Грција до Франција сакаме јавно и бесплатно образование“ скандираа демонстрантите пред грчкиот парламент.
Протестите дополнително ја оптоваруваат владата на десниот центар на премиерот Киријакос Мицотакис, која ја очекуваат избори во средината на 2027 година, додека Грците се соочуваат со стагнација на платите, високи кирии и сè поголеми трошоци за енергија, по повеќегодишната должничка криза во земјата.


